Со 49 милиони евра ќе се продолжи векот на РЕК Битола

Bez autora
Aug 26 2012

Во следните две години животниот век на најголемиот енергетски капацитет во земјава - РЕК Битола" ќе се продолжи за 20-тина години, бидејќи со инвестиција од 52 милиони евра ќе се ревитализира и модернизира блокот 2 и блокот 3 во ТЕ Битола". Заемот во износ од 49,232 милиони евра е земен од Дојче банка, а 3 милиони се сопствена инвестиција на Електрани на Македонија. Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, односно 12 години со каматна стапка од 6 месечен ЕУРОЛИБОР плус 1,675 што во моментов изнесува 2,26 проценти. Заемот е поделен на два дела, од кои 22,4 милиони евра се за модернизација на блок 3, а 22 за блок 2 - кажа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по потпишувањето на Договорот за гаранција меѓу РМ и Дојче банка и Договорот за заем меѓу ЕЛЕМ и Дојче банка наменет за проектот Модернизација на блок 2 и блок 3 во ТЕ Битола. Cо овој договор ќе се продолжи животниот век на РЕК Битола" за уште дваесетина години.

Со 49 милиони евра ќе се продолжи векот на РЕК БитолаВо следните две години животниот век на најголемиот енергетски капацитет во земјава - РЕК Битола" ќе се продолжи за 20-тина години, бидејќи со инвестиција од 52 милиони евра ќе се ревитализира и модернизира блокот 2 и блокот 3 во ТЕ Битола".

Заемот во износ од 49,232 милиони евра е земен од Дојче банка, а 3 милиони се сопствена инвестиција на Електрани на Македонија.

- Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, односно 12 години со каматна стапка од 6 месечен ЕУРОЛИБОР плус 1,675 што во моментов изнесува 2,26 проценти. Заемот е поделен на два дела, од кои 22,4 милиони евра се за модернизација на блок 3, а 22 за блок 2 - кажа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, по потпишувањето на Договорот за гаранција меѓу РМ и Дојче банка и Договорот за заем меѓу ЕЛЕМ и Дојче банка наменет за проектот Модернизација на блок 2 и блок 3 во ТЕ Битола.

Како што посочи Ставрески, со овој договор ќе се продолжи животниот век на РЕК Битола" за уште дваесетина години.

Со овие два договори обезбедивме 49,232 милиони евра со што целосно ја затворивме финансиската конструкција за втората фаза за модернизација и ревитализација на РЕК Битола" - вели Ставрески. Тој нагласи дека со инвестиции во енергетскиот сектор може да се обезбеди енергетската стабилност и зголемено домашно производство на електрична енергија, а со тоа да се намали зависноста од увозот на електрична енергија, но економијата ќе стане поконкурентна.

Само во последните три години ЕЛЕМ и Владата инвестирале 199 милиони евра во повеќе проекти во енергетскиот сектор како што се хидроелектраната Света Петка", рудникот и копот во Брод Гнеотино и првата фаза за модернизација на РЕК Битола", а со новата инвестиција вкупно 250 милиони евра се вложени во енергетскиот сектор.

Заменик-претседателот на Дојче банка, Михаел Зипф кој вчера го потпиша договорот потсети за добра деловна соработка со ЕЛЕМ.

- Склучувањето на вакви договори е големо достигнување во време на сериозни глобални економски услови и тешкотии низ кои Европа во моментов поминува. Тоа всушност го покажува оптимизмот за Република Македонија и ЕЛЕМ како наши деловни партнери - нагласи Зипф.

Генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Влатко Чингоски истакна дека вкупната вредност за ревитализација и модернизација на ТЕ Битола" со намалување на емисијата на азотни оксиди изнесува 88,5 милиони евра, за сите три блока.

Според него, главните придобивки кои се очекуваат се продолжување на животниот век на котлите за најмалку уште 120.000 часови или 20 години нормална експлоатација на ТЕ Битола".

- Со тоа ќе се овозможи непречена работа на ТЕ и после 2016 година - вели Чингоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik